Чемвено и Џеруто победници на Скопскиот атлетски маратон -нашите маратонци второ и трето место

Кенискиот атлетичар Хилари Чемвено е победник на јунилејното 20. Издание на Скопскиот атлетски маратон. Тој патеката долга 42 километри ја мина со време од 2.13.28 часа, пред сонародникот Даниле Кипротич (2:13.53), а последното трето место на подиумот му припадна на најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски со време 2:16.26 часа.

Во женска конкуренција најдобра беше Кенијката Ирене Џеруто со време од 2:37.06 часа, втора беше македонската натпреварувачка Андријана Поп Арсова (2:39.19), а третото место и припадна на Вивијан Џелагат со време од 2:41.52 часа.

На полумаратонската трка долга 21 километар доминираа турските натпреварувачи. Првото место му припадна на Хусеин Џан со време од 1:05.54 часа, пред сонародниците Мурат Ебектар и Абдурахман Гедикиоглу.

Извор: Вечер

Треба да знаете
Последни објави