Додека граѓаните се жалат за високите згради спроти Ист Гејт, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски

На неколку метри од највисоката зграда на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар “Ист Гејт”, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да се изгради за две години. Ќе биде на три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект од 11 и бизнис центарот 7 ката.

Граѓаните се жалат дека по изградбата на молот секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за Телма тврди се гради согласно закон.

За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди уплатени се комуналии од околу 5 милиони евра.

Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.

Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18-ката.

Треба да знаете
Последни објави