Вучиќ: Спремни сме да пратиме чамци во БиХ

Србија е подготвена на секој начин да му помогне на населението загрозено од поплавите во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и упати сочувство до семејствата на загинатите.

Најмалку 18 лица загинаа, а се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми откако обилните врнежи во областа Јабланица и Коњица во текот на изминатата ноќ предизвикаа поројни поплави, одрони и свлечишта, со голем број жртви и исчезнати лица.

По отворањето на обиколницата на патот околу Горњи Милановац, Вучиќ на новинарите им изјави дека Србија е подготвена да помогне со хеликоптери, чамци, како и со сите други форми на поддршка и финансиска помош.

„Доволно е да ни кажат и веднаш ќе го направиме тоа. Испратија спасувачи и чамци во Обреновац (за време на поплавите во 2014 година) и ние сме им благодарни за тоа“, рече Вучиќ изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите

Треба да знаете
Последни објави