Вечерва поплавени куќи и подруми во Тетово

Интензивниот повеќе часовен дожд денес е причина повторно да има поплавување на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици, објавува порталот ТетовоИнфо.

Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.

Треба да знаете
Последни објави