Се појави видео како Енрике го критикува Мбапе: Прочитав дека ти се допаѓа Мајкл Џордан…

Веднаш по објавата, вирално стана видеото создадено минатата сезона по видео анализата на натпреварот ПСЖ – Барселона (2:3), првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Станува збор за сцена од вториот дел на документарниот филм „Немаш поим“, кој го направи „Мовистар Плус+“.

Целата епизода ќе биде прикажана во понеделник, а нејзиниот најинтересен дел беше објавен како трејлер.

Во него го гледаме Луис Енрике, тренерот на ПСЖ како по анализата во салата пред големиот екран останува сам со Килијан Мбапе. Незадоволен од тоа како напаѓачот играл одбрана против Барса, тренерот гласно му вели.

„Прочитав дека ти се допаѓа Мајкл Џордан. Па, Џордан би ги фатил сите соиграчи за ма..а и би играл одбрана како кучкин син! Биди лидер и пример за другите: Дембеле, Баркола, Асенсио, Коло Муани…“

„Ти си феномен, без сомнение играч од светска класа, но. тоа не е доволно“.

Тој ја кажува својата поента вака, осврнувајќи се на неизбежното заминување на Мбапе во Реал.

„Сакам гордо да заминеш од тука на главниот излез“.

Пет дена по говорот на Енрике, Мбапе со два гола го предводеше ПСЖ до голем пресврт и победа од 4:1 кај Барселона за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави