Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“ по повод 75 години од основањето на Градежниот факултет

Градежниот факултет како составен дел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје годинава слави 75 години од основањето. Одбележувањето на јубилејот почна синоќа со Свечена академија во Филхармонија, а продолжува денеска со Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“.

На конференција ќе бидат презентирани монографијата издадена по повод јубилејот, во која се содржани основните податоци за развојниот пат и сегашните состојби на Факултетот, како и најновите научно-истражувачки достигнувања на наставниот кадар.

Во рамки на меѓународната соработка на Градежниот факултет, во моногграфијата се застапени и соработници од странство кои се поканети на одбележувањето. 

Во поглавието „Пријатели на Градежниот факултет”, пак, со свои реализирани достигнувања, иновации или реклами се претставени и деловни партнери од земјата и странство.

Треба да знаете
Последни објави