Викендов сите во Гази Баба: Хари Мата Хари, Амадеус Бенд и македонски музички ѕвезди во комбинација со ладно пиво и вкусна храна

Вечерва и утре на плоштадот во Автокоманда, Општина Гази Баба ќе се одржи големата музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура “Вкусовите на Гази Баба” која ќе започне од 19:30 часот.

Од општината информираат дека за манифестацијата имаат подготвено богата музичка програма во која учество ќе земат естрадни уметници од Македонија и балканот. За забавата на плоштадот во Автокоманда, вечерва скопјани ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и познатиот српски Амадеус бенд.

Додека утре – сабота, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.

Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани на добра музика за сите генерации, ладно пиво и квалитетна храна.

Треба да знаете
Последни објави