Министерот Минчев се сретна со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари средба со Градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони.

На средбата присуствуваше и Амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Н. Е. Горан Милевски.

Целта на средбата беше да се разгледаат можностите за соработка со фокус на размена на искуства во јавната администрација, општинската администрација и спроведување на заеднички проекти.

Министерот Минчев го информираше Градоначалникот за започнатите реформи во јавната администрација и идните планови за работа на министерството.

Тој ја истакна важноста на регионалната соработка и потребата за ефективна и квалитетна јавна администрација, а со тоа и подобри услуги за граѓаните преку иновации и добри практики.

Градоначалникот Мацедони сподели искуства од релизираните проекти во Ново Место и изрази поддршка за идни иницијативи и соработки со општините од нашата држава.

Треба да знаете
Последни објави