Поликлиниката Идадија добива нов апарат за Магнетна резонанца

Поликлиниката Идадија од денеска добива нов апарат за Магнетна резонанца. На настанот ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари.

ЈЗУ Здравствен дом Скопје овозможува примарна, превентивна, секундарно- специјалистичка здравствена заштита и 24 часовна итна медицинска помош за граѓаните на град Скопје и околните населени места.

Со цел јакнење на капацитетите во делот на специјалистичките служби, во Поликлиника Идадија во рамки на ЗД Скопје од 17.07.2024 година е пуштен во употреба апарат за магнетна резонанца.

Апаратот е набавен од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом Скопје во износ од 83.455.500 ден со ДДВ.

Апаратот магнетна резонанца од медицински аспект претставува врв во дијагностиката кој дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, која употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката.

Термините се креирани во една смена од 7:30 до 13:30 часот, но планирано е отворање термини во две смени.

Треба да знаете
Последни објави