Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

Момчето (14) кое уби девет соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, ќе биде донесено во зградата на Специјалниот суд за да сведочи во постапката против неговите родители, како и против инструкторот на стрелиштето. Тоа ќе биде прв пат момчето да ја напушти психијатриската клиника по злосторството на 3 мај 2023 година.

Момчето-убиец ќе биде изведено на суд со возило на брза помош, во придружба на психијатар. Во судницата ќе биде сместен во стаклена, затемнета „кутија“ за заштитени сведоци. Така момчето ќе може да види се, но никој нема да може да го види него. Судијата, обвинетите, адвокатите и семејствата на жртвите ќе го слушаат преку звучници и ќе го гледаат преку монитори.

Психијатарот ќе го набљудува момчето додека сведочи и ќе може да интервенира и да побара пауза. Психијатарот ќе каже и дали момчето има здравствени состојби кои го спречуваат да сведочи. Ако каже дека има, тогаш судијата мора да му нареди психијатриско вештачење, а ако каже дека не, тогаш судијата го предупредува момчето дека има право да не сведочи против родителите и дека сега треба да се изјасни во судница дали сака да сведочи или не.

Треба да знаете
Последни објави