НАЈАВЕНО Е НЕВРЕМЕ:Утре и за викдндот очекувајте силен ветер и обилни врнежи од дожд

Почнувајќи од утре па се до викендот Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Според УХМР, особено ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.

Утре дневните температури во земјава ќе се движат од 15 до 29 степени, во сабота од 19 до 25, а во недела од 17 до 24 степени.

На почетокот на идната седмица времето ќе биде стабилно со сончеви периоди.

Треба да знаете
Последни објави