Утрово пожар во Чаир – има повредени

Пожар избувна утрово во Чаир, според информациите до кои дојде Press24, 6 лица побарале помош на Клиника поради вдишен чад.

Неофицијално, пожарот избувнал на улицата Серава во скопски Чаир, каде се запалил магацин со 10 тони пластика.

Информацијата дека има пожар, но без детали за повредените ја потврдија и во МВР од каде за кратко најавуваат повеќе детали.

Треба да знаете
Последни објави