Се судрија трактор и автомобил во Струмица: Тешко повреден еден од возачите

Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во селото Мокриево, Струмичко, се случила сообраќајка помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од селото Мокриево, струмичко и автомобил „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, а увид на местото извршила полициска екипа.

Треба да знаете
Последни објави