Русите имаат целосна контрола врз Вухледар во Доњецката област

Руските сили имаат целосна контрола врз градот Вухледар во областа Доњецк во источна Украина, објави утринава каналот Шот на комуникациската платформа Телеграм и проруските воени блогери.

Руското Министерство за одбрана се уште не го потврди заземањето на градот.

Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешка тврдина која повеќе од две години се спротивставувала на руските напади.

На снимките од руските сили кои го веат свое знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот денеска се може да се види зграда со скршени прозорци делумно претворена во урнатини.

Треба да знаете
Последни објави