Најмлаку 6 повредени во пожар во Чаир

Најмалку 6 лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во скопски Чаир, пренесува Press24.

Според информациите, 6 лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.

Неофицијално, пожарот избувнал на улицата Серава во скопски Чаир, но не се соопштуваат повеќе детали.

Информацијата дека има пожар, но без детали за повредените ја потврдија и во МВР од каде за кратко најавуваат повеќе детали.

Треба да знаете
Последни објави