Најголемата егзекуција на војната: Русите убија 16 Украинци кои се предадоа, јавуваат украинските медиуми

Руски сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Доњецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.

Вчера на каналите на Телеграм се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколајивка и Сукји Јар кај градот Покровско, за што со месеци се водат жестоки битки.

Треба да знаете
Последни објави