Бочварски: Во првите сто дена, Владата не смееше да го напушти европскиот курс на земјата

Поранешниот министер, Благој Бочварски од СДСМ, вечерва во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ истакна дека во првите 100 дена од работењето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, не смеело да се случи таа да го напушти европскиот правец на земјата.

„Сметам дека генерално граѓаните не се задоволни од првите 100 дена влада поради најголемиот проблем напуштањето на стратешките правци односно членството во ЕУ. Недозволиво е да се попречи напредокот кон европското семејство. А тој напредок не значи само декларативно станување земја членка на Европската унија, туку тоа значи и подобар живот на граѓаните и според мене ова е еден од клучните пропусти на оваа влада и е нешто што без дискусија, без некаква дебата, се сеќавате само пред неколку недели претставниците на владата беа во Брисел со некаков нов предлог за којшто веќе не се ни дискутира, што значи дека се напушта процесот на евроинтеграции, што е нешто кое што не смееше да се случи во првите 100 дена“, рече Бочварски во емисијата, во која гостува заедно со Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, Ријад Шаќири од „Вреди“ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт.

Треба да знаете
Последни објави