Меџити ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во Скопје ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија.

-Проектот ќе го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за економска медијација и европско право, а има за цел да ги зајакне нашите капацитети за подобро спроведување на законите од областа на индустриското загадување, се наведува во соопштението од МЖСПП.

Треба да знаете
Последни објави