МВР го истражува сквернавењето на иконата на Исус кое што се случи во Драчево

Вандалски чин ги вознемири жителите на скопската населба Драчево. викендов, непознати сторители ја оштетиле иконата на Исус Христос, поставена на крстот кој се наоѓа во големиот парк во населбата, а до иконата оставиле примерок на Куранот. Граѓаните и верниците се револтирани и бараат најостра казна за вандалите.

Големиот крст во населбата Драчево беше осветен пролетва, на верскиот празник Цветници. Од МВР соопштија дека вандалскиот чин е пријавен денес и дека преземаат мерки за откривање на лицата кои ја уништиле иконата.

Треба да знаете
Последни објави