Национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје по повод Светскиот ден на срцето

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат  Светскиот ден на срцето со активност за  потпишување на национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста. 

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања.  

-Споделувајќи ја важноста на здравите навики се стремиме да ја зголемиме свеста за потребата  од превенција на кардиоваскуларните заболувања во нашата заедница и потребата од поголемо учество на пациентите и јавноста  во изготвување на национален  план за подобро кардиоваскуларното здравје, порачуваат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија. 

Треба да знаете
Последни објави