Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

Страшна несреќа се случи на автомобилскиот рели кој се возеше синоќа во Утена, Литванија, кога еден од возачите изгуби контрола и заврши во публиката, по што едно лице загина, а дури 14 се повредени.

Автомобилот со полна брзина излета од патеката токму на местото каде што се собраа голем број навивачи.

Како што пренесуваат литванските медиуми, до трагедијата дошло бидејќи правецот на движење на патеката не бил добро обележан и претходните возачи ги уништиле знаците. Наместо да сврти, возачот само продолжил право во група навивачи и така се случила страшна несреќа.

Трката беше прекината и полицијата започна истрага. Проблемот беше што возеше во темница, па немаше можност самиот возач да реагира.

Итната помош веднаш излегла на местото на несреќата, а засега нема информации за тежината на повредите на останатите кои биле повредени.

Треба да знаете
Последни објави