СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СОСЕДНА СРБИЈА: Силниот ветер корнеше дрвја и покриви!

Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот на Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме со врнежи и грмежи. Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, водата достигнала ниво на кое од неа се гледаат само чадори и улични светилки.

Според денешното соопштение на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со дожд, пад на температурата и умерен до засилен северозападен ветер прво ја зафатиле Бачка Паланка, но потоа ќе се прошират и на остатокот од Војводина.

Студениот бран преку северниот дел на земјата пристигнал во Србија, каде што во некои градови температурата паднала на околу 15 степени. На граѓаните им се препорачува да преземат сите мерки за заштита на имотот и лична безбедност поради најавеното невреме.

Треба да знаете
Последни објави