Средба на министерот Муцунски со индискиот колега Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Индија, Субраманјам Џаишанкар.

Соговорниците разговараа за унапредување на билатералните односи, со посебен осврт на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Беа разгледани можностите за продлабочување на бизнис врските во повеќе сектори.

Дополнително, министрите дискутираа за важноста на мултилатералната соработка, при што ја потврдија заемната поддршка за конструктивните улоги што двете земји ги имаат на глобалната сцена.

Средбата помеѓу министрите Муцунски и Џаишанкар ги постави темелите за понатамошно зајакнување на билатералните односи и отвори нови перспективи за соработка во различни сфери од заеднички интерес.

Треба да знаете
Последни објави