Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и со сите средства што можат да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.

„За судбината на овој регион ќе одлучат силите на отпорот предводени од Хезболах“, наведува Хамнеи во соопштение откако израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека и генералот Абас Нилфорушан, заменик-командант на Иранската револуционерна гарда, е убиен во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

Треба да знаете
Последни објави