Тркалезна маса „Зголемување на соработката на народниот правобранител со здруженијата на граѓани во еколошката правда“

Нардониот правобранител во рамките на проектот „Зголемување на улогата на народниот правобрантел во еколошката правда“ финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а спроведуван во соработка со Програма и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН, денеска во Скопје организира тркалзена маса на тема „Зголемување на соработката на народниот правобранител со здруженијата на граѓани во еколошката правда“.

Воведни обраќана на тркалезната маса ќе имаат народниот правобранител Насер Зибери, постојаниот престставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григоријан и советникот за човекови права во Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН, Тања Темелковска.

На тркалзената маса, како што соопшти Канцеларијата на народниот правобранител, предвидена е  дискусија на повеќе теми од областа на заштитата на животната средина и еколошките човекови права, како и потпишување на меморандум за соработка помеѓу канцеларијата на Народниот правобранител и УНДП,  и мемомарндум за соработка со повеќе невладини организации кои работат во оваа сфера.

Треба да знаете
Последни објави