Жена останала да виси во своето „порше“ на третиот кат од гаража на Флорида – погледнете го спасувањето

Жена која останала да виси во своето „порше“ на третиот кат од гаража во Корал Гејблс, Флорида е спасена, јавуваат американските медиуми.

Според истражителите, се чини дека таа случајно стиснала на гас.

Спасувањето е снимено од хеликоптер. Снимката покажува бело Порше заглавено меѓу високо дрво и гаража, при што се чини дека дрвото го спречило паѓањето од третиот кат.

Спасувачите со јаже ја извлекле жената, која е пренесена во болница и е во стабилна состојба.

Видео

Треба да знаете
Последни објави