Чипичаните се враќаат во мода

Чипичан или Тамагочи беше дигитално милениче кое стана популарно во 1996 година, но од 2019 повторно може да се најде на полиците и станува вистински хит, не само кај Миленијалците, кои ги купуваат од носталгија, туку и кај помладите генерации.

„Кога повторно започнавме да ги продаваме, се насочивме кон Миленијалците, но возбудливо е да се види дека и Генерацијата З ги прифаќа уредите, иако претходно не се сретнале со ваквите миленици“ изјави Прија Џадеја од Тамагочи.

Иако чипичанот изгледа како претходно, новите верзии имаат повеќе можности.

„Сега може да се поврзите со приjaтелите преку Wi-Fi и да преземате различни предмети“ објаснуваат од компанијата.

Чипичанот е уред со кој одгледувате дигитален миленик. Може да му вклучувате и исклучувате светло, да го храните, лекувате, да го проверувате неговото здравје и да се грижите да биде среќно, нахрането и чисто.

Милениците ги одгледувате од јајца до возрасни.

Треба да знаете
Последни објави