Владата донесе одука да го укине онлајн коцкањето

На денешната седница на Владата беше донесена одлука за спроведување на толкувањето од страна на Собранието за престанок на важноста на незаконските лиценци за онлајн казина што ги додели претходната влада, а со тоа и забраната за онлајн коцкање во државата.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека на денешната владина седница се усогласени таквите одлуки и „тоа што било предизборно ветување, ќе се реализира“.

-Ќе бидат одземени и укинати лиценците кои што се незаконски според нас и според начелното правно мислење кое што го добивме од ресорот, кажа Мицкоски.

По тој повод се огласи и членот на ВЛЕН, Арбен Таравари.

„Ме радува што од денеска со Одлука на Владата во оваа држава се забранува и казнува онлајн коцкањето. Единствените кои не се согласуваат со оваа одлука се некои поранешни функционери на ДУИ кои изградија империја во коцкањето, давајќи дозвола за такви активности на српски или црногорски компании“, објави Таравари на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави