Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска организира еднодневен дополнителен трет упис за студенти бруцоши.

На Високата медицинска школа може да се пријават и запишат уште пет студенти за редовно студирање, 77 со партиципација и 47 вонредени студенти, на Ветеринарен факултет може да се запишат само 32 студенти, додека на ФИКТ огласени се 116 слободни места.

Дополнителен конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии се организира на Технички факултет каде слободни се 287 места, 84 индекси за студирање се слободни на Технолошко-технички факултет во Велес, во Прилеп на Економски факултет може да се запишат уште 181 студент, а во Охрид на Факултет за туризам и угостителство огласени се 186 места.

Факултетот за безбедност-Скопје, членка на битолскиот Универзитет, во третиот уписен рок може да запише 119 студенти, но за редовни студенти има само едно слободно место во насоката Криминологија и криминална политика, додека останата можност е за студирање со партиципација или вонредно студирање.

Од УКЛО-Битола информираат дека слободни места за упис има и на Правен факултет-Кичево, Педагошки факултет-Битола и Факултет за биотехнички науки-Битола.

Треба да знаете
Последни објави