Пезешкијан за Си-Ен-Ен: Не смее да се дозволи Либан да стане уште една Газа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека меѓународната заедница „не смее да дозволи Либан да стане уште една Газа“ откако Израел вчера го имаше најсмртоносниот ден на воздушни напади врз оваа земја од 2006 година.

-Не смееме да дозволиме Либан да стане уште една Газа во рацете на Израел, рече Пезешкијан во интервју за Си-Ен-Ен, преведено од фарси на англиски јазик.

Треба да знаете
Последни објави