Мачно ви е будењето во есен? Ова едноставно правило многу ќе ви помогне

Кога надвор е мрачно и облачно, будењето може да биде тешко, а желбата за останување под ќебето често е непремостива. Во есен и зима, многумина од нас се соочуваат со чувството на умор и недостаток на енергија, особено кога работниот ден е пред нас.

Стручњаците предлагаат едноставно решение – 85:15 правило. Клучот е во тоа да се утврди фиксно време за спиење и будење, кое треба да се почитува 85% од времето. Останатите 15% се резервирани за денови со помалку обврски или викенди, кога можете да си дозволите малку подолго да останете во кревет.

Следењето на фиксното време за спиење не само што помага да се создаде навика, туку и го олеснува процесот на спиење и будење. Вашето тело и мозок се навикнуваат на оваа рутина, што значи помалку стрес и повеќе енергија во текот на денот. Со ова правило, ќе можете да се справите со утринскиот замор и да ги извлечете максимумот од есенските и зимските месеци.

Треба да знаете
Последни објави