Пратка со 95 килограми кокаин случајно завршиле во германски супермаркети

Пратки со банани од Јужна Америка, во кои биле сокриени вкупно 95 килограми кокаин, случајно завршиле во неколку филијали на супермаркети во Западна Германија. Според обвинителството, дрогата била откриена во единаесет продавници, пренесува германската медиумска групација RND. Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра.

Инспекторите претпоставуваат дека погрешната пратка била доставена до централниот магацин, а потоа, преку нормалниот дистрибутивен ланец, била испорачана до поединечните продавници. Сè уште се истражува потеклото на запленетиот кокаин и кој стои зад овој неочекуван транспорт на дрога.

Треба да знаете
Последни објави