За Перински било„убав предизвик“ да биде градоначалник на Скопје

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во гостување во емисијата „360 степени“, рече дека градоначалничката функција во главниот град е „убав предизвик“ и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначалниката позиција во Скопје. Дополнително, тој вели дека градоначалничкото столче е „посакувана опција, но не е загарантирана“.

„Можеби е логично и моето име да се врти во овие кругови како потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје со оглед на позицијата која во моментов ја извршувам. Сепак, нашиот капацитет треба да се мери врз основа на тоа што сме го понудиле досега“, рече Перински.

Тој вели дека иако се гледа како потенцијален кандидат за градоначалник, доколку некој друг биде избран од партиското раководство, тој ќе го поддржи, додавајќи дека лично му претставува чест што сега е дел од Владата и дека се надева оти ќе ги оправда очекувањата како министер за локална самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави