Бизнис штафета за најбрза македонска компанија

На 26 септември во Скопје ќе се одржи Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор.

Во трката учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.

Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Трката ќе се одржи во комплексот Џевахир на патека долга 8 километри, каде секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Џонсон Мети, а третото место го освои екипата на Лока.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со утре, вторник 24 септември. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

Најбрзите три тимови на Business Run 2024 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Организатор на трката Cevahir Mall Business Run e здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Џевахир Мол.

Треба да знаете
Последни објави