Сообраќајна несреќа на „Партизанска“ – тешко повреден мотоциклист од Скопје

Вчера околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од 24-годишниот Л.Т. од Република Србија и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.И. од Скопје, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави