Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без струја

Од ЕВН Скопје известуваат дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на ден 24.09.2024 година (вторник), без напојување со електрична енергија ќе останат:

Од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел).

Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар, Катлановско Блаце како и Тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје (Општина Петровец).

Треба да знаете
Последни објави