Маж со трактор излетал од патот Радовиш – село Ињево

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ињево, радовишко, трактор „имт 539“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 71-годишниот В.Т. од село Ињево, излетал надвор од патот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Штип“, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави