Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Газa, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Говорејќи на настан организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, Ердоган рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.

Треба да знаете
Последни објави