Инстаграм воведува нов режим: Родителска контрола за тинејџери под 18 години


Компанијата „Мета“, сопственик на Инстаграм, најави нов режим на платформата со цел поголема заштита на тинејџерите. Според најавите, родителите ќе добијат дополнителна контрола врз активностите на своите деца, пренесува српската „Република“.

Сите корисници под 18 години, вклучително и креаторите на содржини, ќе бидат автоматски префрлени на тинејџерски сметки. Јавните објави ќе бидат дозволени само со родителска согласност, а за корисниците под 16 години ќе биде потребна дозвола од родител за промена на поставките. Постарите тинејџери над 16 години ќе можат сами да направат одредени корекции, освен ако нивните профили не се под родителска контрола.

Со цел да спречи злоупотреби, „Мета“ најави тестирање на мерки кои ќе ги спречат тинејџерите да го фалсификуваат датумот на раѓање или да креираат нови сметки. Компанијата ќе користи алатки за вештачка интелигенција за да ја процени возраста на корисниците и, во случај на сомнеж, ќе бара дополнителни информации, како селфи или податоци од лична карта, за потврда на возраста.

Оваа иницијатива е дел од пошироките напори на „Мета“ за подобра заштита на младите корисници и поголема родителска контрола на Инстаграм.

Треба да знаете
Последни објави