Невообичаени снежни врнежи во Јужна Африка по 12 години


Делови од Јужноафриканската Република денеска се соочуваат со затворени патишта поради обилни снежни врнежи, што е невообичаено за овој регион. Службите за итни случаи работат на спасување на луѓето кои се заглавени во своите возила од синоќа.

Според првичните извештаи, во одредени области паднале и до два метра снег, а портокаловото предупредување во неколку провинции е подигнато на осмо ниво. Најпогоден е автопатот N3 кој ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, каде што неколку делници се целосно непроодни, а обиколните патишта се исто така покриени со снег.

Овие снежни врнежи се меѓу најобилните во последните 12 години, предизвикувајќи хаос во транспортот и зголемена активност на спасувачките екипи.

Треба да знаете
Последни објави