Краделе домашни животни, приведени се четири лица

На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.

Исто така, на 19.09.2024 во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави