Со Јапонска поддршка клиниката за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе биде опремена со нов мобилен рентген апарат, финансиран преку програмата GGP на Јапонската амбасада, која поддржува мали грантови за основни човекови потреби и безбедност.

Договорот за грантот беше потпишан денес од министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и директорот на клиниката Реџеп Мемеди.

Таравари, во своето обраќање при потпишувањето, нагласи дека со новиот мобилен рентген, пристапот до дијагностички процедури за најмладите пациенти ќе биде значително подобрен. Изрази благодарност до Јапонската амбасада за нивната соработка и постојана поддршка кон зајакнување на капацитетите на здравствениот систем во државата.

Треба да знаете
Последни објави