Одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Под мотото „Не игнорирај! Препознај!“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по 11-ти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

На одбележувањето во Порта „Македонија“, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и специјалист ендокринолог од Детската клиника во Скопје. Според

Здружението, во државата во моментов има околу 140-145 деца со нарушувања  на растот кои се  лекуваат со хормон за раст.

 -Овој Светски ден го посветуваме на онаа група на деца кои се уште не почнале да се лекуваат со хормонот за раст поради доцна поставена дијагноза и поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат бидејќи растот е завршен, наведуваат од Здружението „Раст“.

Здружението „Раст“ до Владата и здравствените институции бараат: национален регистар на пациенти со нарушувања на растот,  терапија за сите деца кои имаат потреба од лекување, изнаоѓање систем кој нема да зависи од тендерска набавка како во сите земји, право на избор на пациентот за најдобри резултати и интеграција на овие деца во сите сфери и фази на едукативниот систем.

Треба да знаете
Последни објави