Во Охрид почнува 31. Балканска олимпијада по информатика

Во Охрид од денеска до 26 септември ќе се одржува 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ) што ја организира Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).

Балканската олимпијада е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа.

Годинава, на БОИ 2024 ќе има учесници од 15 земји – Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора, Италија, Украина и Саудиска Арабија.

Според проф. д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, БОИ 2024 е натпревар меѓу новите генерации информатичари, но истовремено и платформа во чии рамки младите умови се здружуваат, се запознаваат со различни култури, се дружат, се вмрежуваат и разменуваат искуства од сферата на информатиката и иновациите.

Поддржувач и пријател на БОИ е „Сорсикс“ (Sorsix), една од водечките ИТ компании во земјава, која додели ваучери за платена пракса за осуммината македонски учесници. 

Треба да знаете
Последни објави