Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“, тројца судии се изјаснија против иницијативата

Уставниот суд ќе ја испитува уставноста на балансерот, а во мегувреме замрзнати се сите вработувања по етнички клуч…

Вработувањата по етничка линија во државните институции ќе бидат времено замрзнати се додека уставните судии не се произнесат за нивната уставност. По долга и исцрпна дебата, Уставниот суд ја прифати иницијативата од минатиот состав на Антикорупциската комисија со која беше оспорен т.н. балансер при вработувањата. Оспорени се членови од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, во делот „припадност на заедница“, како и во Правилникот за вработување.

Судот по сопствена иницијатива ги прошири сомнежите за неуставност и незаконистост и поведе постапка и за други одредби од истите закони како Методологијата од 2016 година за вработувања по етничка линија во администрацијата.

Во долгата расправа уставните судии имаа различни ставови. Против иницијативата се изјаснија тројцата судии Осман Кадриу, Насер Ајдари и Фатмир Скендер.

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот Дарко Костадиновски, нагласи дека не станува збор за укинување на нечии права. Според него, оваа мерка ја има исполнето својата цел и само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување. Дека балансерот не е уставен и предизвикува дискриминација при вработувањето, согласни беа повеќето од останатите судии кои имаа различни аргументи.

– Апсолутно не гледам причина општеството да трепери од нашата одлука. Ниту земаме, ниту даваме нечие право. Не верувам ниту дека ќе создаде правен вакум. Факт е дека овие алатки ја помагаат примената на овие уставни норми и законодавецот уште утре може да седне и донесе насоки за нивна примена, изјави Костадиновски.

Според судијата Осман Кадриу, индивидуалните злоупотреби од поединци не може да се толкуваат како општа појава, а со усвојувањето на иницијативата според него според Кадриу, ќе се суспендира самото уставно загарантирано право на сите немнозинските заедници.

„Застапеноста на помалите национални заедници е загрижувачка и ги нема. Замислете ако се укине правото, тогаш ќе немаме никаква застапеност и правата на немнозинските заедници ќе бидат укинати“, изјави Кадриу.

Од ДКСК во иницијативата укажаа дека припадноста е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо. Нотираат дека со примена на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во јавните институции.

Нотираат дека со примена на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во јавните институции.

Треба да знаете
Последни објави