Поради дефект на приклучна цевка без вода улиците „Отокар Кершовани“ и „Чаирска“

Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Отокар Кершовани“ и „Чаирска“.

 Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка од 1цол на улица „Чаирска“ број 9.  

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности за санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави