Утре без вода неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторник) поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул.Петар Поп Арсов бр.53, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.Петар Поп Арсов, ул.Теодосиј Гологанов, ул.Костурски Херои, ул.Борка Талевски, ул.Христо Смилевски, ул.9 Мај и дел од ул.Васил Стефановски.

Прекинот ќе биде од 08:00 часот до завршување со работните активности.

Треба да знаете
Последни објави