Дел од Карпош 3 без вода поради санирање на дефект

Поради замена на два затворачи од Ф150мм и Ф-200мм на ул.Бледски Договор раскрсница Карпошово Востание во населба Карпош 3, прекинато водоснабдување денеска од 8:30 часот ќе имаат дел од корисниците од Општина Карпош.

Без вода ќе бидат граѓаните на дел од ул.Бледски Договор (потегот од Карпошово востание до Бул.Илинден), дел од Карпошово Востание, Драгиша Мишовиќ, Трифун Пановски, Роберт Кох,и Воена Болница. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави