Тешко повреден кичевчанец кој со мотор излетал од патот

На 07.09.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13.00 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави