Мицкоски со порака: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

„Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре. Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност”, вели премиерот Мицкоски.

Според него секој треба да се вклучи во оваа битка бидејќи како што рече корупцијата не е само проблем на Владата, туку проблем на целото општество.

„Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на Владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем. Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси. Ова мора конечно да престане, кажа тој и додаде дека неговата визија е јасна, држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности. Мојата визија е јасна, земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности”, порача претседателот на Владата Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави